ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИТЕ

Одговорно лице за обработката на вашите лични податоци на нашата веб-страница е TSC Food Products GmbH, Bahnhofplatz 1, 4600 Wels. Податоци за TSC Food Products GmbH можете да пронајдете во делот Импресум.

Заштитата на вашите лични податоци ја земаме многу сериозно. Личните податоци ги обработуваме согласно законските регулативи за заштита на податоци и согласно оваа политика за приватност. Нашата веб-страница можете да ја користите и без да оставате лични податоци. Кога оставате лични податоци на веб-страницата (на пример, вашето име, адреса на улица или на е-пошта), тоа е најчесто на доброволна основа. Друг начин на којшто може да ги добиеме вашите лични податоци е ако вие самите решите да контактирате со нас, на пример, преку е-пошта, контакт-формулар, во врска со бизнис понуда итн. Податоците што сте ги разоткриле по ваша волја, ќе бидат чувани само за соодветната намена (обработка на барање, деловна трансакција итн.).

ОБРАБОТУВАЧ, ПРИМАТЕЛ
Вашите лични податоци ги обработуваме со помош на обработувачи на барања, коишто ни помагаат да ви ги овозможиме услугите (пр. преку веб-хостинг, водење билтен за е-пошта, испорака). Овие обработувачи се обврзани строго да ги штитат вашите лични информации и нема да ги обработуваат за ниедна друга намена освен за наведената со цел да ви ги овозможат нашите услуги. Вашите лични податоци ги пренесуваме само кај даватели на финансиски услуги, како банки (во случај на трансакции), даночни советници (доколку вашите податоци стигнат до нашиот сметководствен оддел), доставувачи (доколку треба нешто да ви испорачаме) итн.

КОЛАЧИЊА
Оваа веб-страница користи колачиња. Колачињата овозможуваат лесно и ефикасно да ја користите веб-страницата. Колачето претставува мала текстуална датотека, којашто служи за чување информации. Кога посетувате одредена веб-страница, на вашиот компјутер се зачувува такво колаче предизвикано од страницата. Кога повторно ќе се вратите да ја посетите веб-страницата по одреден период, колачето ја известува веб-страницата за вашата последна посета и дали воопшто сте ја посетиле претходно, но и кои делови од неа најмногу ве интересираат. Повеќе информации за колачиња можете да прочитате на WIKIPEDIA.

МЕНУВАЊЕ ПОСТАВКИ ЗА КОЛАЧИЊА
Преку поставките на вашиот прелистувач, можете да одберете како тој ќе се справува со колачињата и кои колачиња ќе бидат дозволени, а кои не. Точната локација на поставките за вашиот прелистувач зависи од самиот прелистувач. Детални информации за ова можете да пронајдете во делот со помош во вашиот прелистувач. Ако ја ограничите употребата на колачиња, нема да можете целосно да ја користите веб-страницата.

КОЛАЧИЊА НА НАШАТА ВЕБ-СТРАНИЦА
Нашата веб-страница ги обработува следните колачиња: за веб-анализа со Google Analytics, коешто служи за зачувување анонимни кориснички податоци преку реклами од Google, додека DoubleClick Ad Exchange служи за контрола на рекламите низ мрежата на Google

СЕРВЕРСКИ ЗАПИСНИК
Оваа веб-страница ги обработува следните лични податоци во серверски записник со цел надгледување технички функции и поголема сигурност на веб-серверот на основа на легитимните интереси на одговорното лице (поради техничко-безбедносни мерки): – повиканата содржина – времето на барање испратено до серверот – типот/верзијата на прелистувач – оперативниот систем на корисникот – реферирачката интернет-адреса – IP-адресата. Таквите податоци се чуваат само привремено во времетраење од 24 часа. Потоа, IP-адресите се анонимизираат.

GOOGLE ANALYTICS
Оваа веб-страница користи Google Analytics, услуга за веб-анализа од Google Inc, 1600 Amphitheatre Parkway Mountain View, CA 94043, USA („Google“), на основа на спроведување легитимни интереси (за анализа како се користи веб-страницата). Поради тоа, имаме склучено договор со Google за обработка на податоци. Кога пристапувате кон нашата веб-страница, софтверот се поврзува со серверите на Google, од коишто некои се во САД, и притоа им пренесува податоци. Google Analytics користи колачиња за да ги меморира информациите за корисникот на веб-страницата и за да врши анализа како корисниците ја користат веб-страницата. Оваа веб-страница користи функција за анонимизирање IP-адреси. На тој начин, Google ја крати и анонимизира вашата IP-адреса кога е во прашање земја-членка на ЕУ или друга земја, којашто има склучено договор со Европската економска заедница. Само во исклучителни ситуации се испраќа целосната IP-адреса до сервер на Google во САД, којашто потоа таму се крати. Согласно Google, компанијата ги користи собраните податоци за да процени како корисниците ја употребуваат веб-страницата, да создаде извештаи за активностите на веб-страницата и за да овозможи други услуги поврзани со активностите на веб-страницата и употребата на интернетот. Исто така, Google може да ги испрати овие информации до трети страни, доколку е тоа побарано со законот или доколку трети страни ги обработуваат податоците во името на Google. За детални информации околу тоа како Google Analytics ракува со податоците можете да пронајдете во политиката за приватност на Google за Google Analytics.

ДЕАКТИВАЦИЈА НА GOOGLE ANALYTICS
Генерално, можете да изберете да не бидат собирани податоци за тоа како ја користите веб-страницата со тоа што ќе одберете „Do Not Track“ („Не следи“). Нашата веб-страница го зема предвид сигналот „Do Not Track“ што вашиот прелистувач го испраќа до неа. Можете да спречите Google Analytics да ги собира податоците за тоа како ја користите веб-страницата со тоа што ќе преземете и инсталирате плагин за вашиот прелистувач на следната врска: https://tools.google.com/dlpage/ gaoptout?hl=en. Можете да спречите Google Analytics да ги собира податоците за тоа како ја користите веб-страницата ако кликнете на врската. Во вашиот прелистувач ќе се вклучи поставка којашто ќе спречи да се собираат вашите податоци во иднина кога ја посетувате оваа веб-страница:

АКТИВИРАНО е следење преку Google Analytics на оваа веб-страница. Кликнете овде за да престане следењето.

ВАШИТЕ ПРАВА
Имате право на информации за обработката на податоците, на нивна корекција и бришење, како и на ограничена обработка на личните податоци. Сè додека во вашата согласност или во друг договор склучен со вас е наведена правна основа за обработка на вашите лични податоци, имате право и на преносливост на податоците. Имате право да ја повлечете согласноста што сте ја дале за обработка на вашите податоци. Правната издржаност за обработка на вашите податоци, до повлекување на согласноста, нема да биде засегната од самото повлекување. Имате право да се спротивставите на обработка на вашите лични податоци за целите на реклами преку директна е-пошта. Во случај на приговор, вашите лични податоци веќе нема да бидат обработувани за директни маркетиншки цели. Вашите барања за информации за обработката на податоците, нивната корекција и бришење, за ограничената обработка, повлекувањето согласност или за приговор, можете да ги упатите преку пошта на адресата TSC Food Products GmbH, Bahnhofplatz 1, 4600 Wels или преку е-пошта на info@tsc.at. Освен тоа, имате право да се пожалите пред надзорниот орган (Агенцијата за заштита на податоците на Австрија, Wickenburggasse 8, 1080 Wien, е-пошта: dsb@dsb.gv.at).

ДИЗАЈН И ПРОГРАМИРАЊЕ
Агенција за маркетинг и интернет REICHLUNDPARTNER